ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО
СЕЛО ГАРИ

loader-image
Гари
14:09, Апр 17, 2026
temperature icon 17°C
одвоени облаци
Humidity Влажност: 47 %
Pressure Притисок: 1012 mb
Wind Ветер: 15 Km/h
Visibility Видливост: 10 km
Sunrise Изгрејсонце: 04:54
Sunset Зајдисонце: 18:18

На надморска височина од 1100 м по течението на Гарска река во подножјето на планината Стогово се наоѓа селото Гари.

Вкупната површина на Атарот изнесува 37.439.943м2 или 37,44 км2 и е најголем од околните села.

Според некои преданија Селото Гари е едно од најстарите мијачки села и се смета дека постои уште во 14-15 век. Првата локација  била во месноста Присој но поради својата местоположба, бидејќи се наоѓало на патот Дебар-Кичево било на удар од турските башибозуци. За да се заштитат, луѓето одлучиле да го сменат местото и ја одредиле  втората локација наречена Дрениче кое се наоѓа на 200 м повисоко од сегашната. Условите за живот на ова место биле многу тешки. Климатските услови-сурови. Имало недостиг на вода.

Една легенда зборува дека иконата Св.Спас неколку пати “одлетувала”од постојната црква на местото каде што подоцна е изградена денешната црква Св.Богородица. Тоа било знак дека нашите предци требало да изградат куќи и да живеат на местото каде што сега е селото. Се претпоставува дека иконата е стара околу 450 години и е сочувана. Моментално се наоѓа во црвата Св.Спас во Скопје.

Old Image From Gari

За името на селото постојат повеќе легенди. Една од легендите вели дека селаните кога биле преморени се бодреле со зборовите ГАЈРЕТ ГАЈРЕТ па според тоа почнале да го викаат селото ГАЈРЕТ за подоцна ГАРИ.

Втора легенда и најверојатно е најверодостојна е поврзаноа со одењето на селаните Јован и Јанкула во Цариград кај Султанот.

Бидејќи селото постепено се ширело неговите жители сакале да го озаконат атарот. Со таа цел ги испратиле Јован и Јанкула со коњи до Цариград да ја завршат таа работа. Меѓутоа кога стигнале, везирот не ги пуштал кај султанот. За да му го привлечат вниманието на Султанот одлучиле Јован да се завитка во Ругузина и да го попрскаат со газија. Го одредиле ден Петок кога султанот одел во џамија. Кога пристигнал Султанот со својата кочија Јанкула ја подпалил ругузината во која бил завиткан Јован. Народот и полицијата веднаш дотрчале да видат зошто ГОРИ човекот, а истото го сторил и царот.На прашањето зошто го сториле тоа они одговориле дека само на царот ќе му соопштат зошто се запалил човекот. Следниот ден Царот ги повикал на разговор и издал ферман веднаш да им се дадат тапии за местото што го посочиле, со претходно одредените граници и синори. Кога се вратиле на селото му го дале името ГОРИ за подоцна да се промени во ГАРИ.

Постојат и други легенди но оваа се смета за најточна.

Испратете ни слики и видео материјали

Ispratete ni sliki