Како прв капитален објект во селото може да се каже дека Хидроцентралата на Гарска река претставуава една од најзначајните инвестиции во селото. Во далечната 1949 година е пуштена во употреба и во тоа време претставувало голема радост на селаните.
Благодарение на Селската Задруга во 1956-1957 година изграден е поголем објект на влезот во селото здружениот дом-Килимарата. Овој објект располагал со Килимарска работилница за текстилни производи,работилница за млечни производи, магацински простории и административно-управни простории. Зградата на Килимарата е во добра кондиција до ден денес каде што во Св.Јовановата сала веќе 25 години се собираат мештаните за празникот Водици кој се одбележува традиционално во селото. Капацитетот е за 250 луѓе, опремена со кујна, тоалет и греење.
Во 1958 година почнала изградбата на уште еден крупен објект–селскиот водовод. Градбата на овој објект ја извеле Задругарите. Со прекопување на каналите од изворот Глава и со развивање на водоводната мрежа во селото било донесено вода до секоја куќа во селото.
На средселото изграден е Пензионерскиот дом-Стогово каде што моментално е сместена продавница. Продавницата работи само во летниот период и е снабдена со основните продукти. Домот служел за грижа на старите лица. Во касните осумдесетти имало и кујна која што била 365 дена во годината отворена за да им се олесни животот на пензионерите преку целата година. Редовно имало и медицински контроли. Во домот има и 4 соби за спиење.
Во 1927 година изградена е полициската Станица која и денеска постои. Се наоѓа од другата страна на реката блску до селските гробишта. Во нејзе се сместени кираџии и е добро сочувана.
Првото училиште се споменува во 1864 година и на почеток учителот ги изучувал децата во својот дом. Имал околу 20-30 ученици. Околу 1900 година направено е првото училиште, но условите за работа и понатака биле тешки. Наставата се изведувала без никакви средства, а наместо клупи децата се собирале во круг со вкрстени нозе, а учителот бил во средината. Во учебната 1947/48 година направено е новото училиште кое го носи името Гоце Делчев. Располагало со 4 големи училници, три мали училници, канцеларија и два пространи ходници. Подрумските простории се користеле за училишната кујна и трпезарија. Во одреден период бројот на ученици достигнал 130 деца. Имало ученици и од околните села Осој и Могорче. Зградата во која се наоѓало училштето Гоце Делчев и ден денес е во добра состојба и Гарчани се грижат за нејзината функционалност. Моментално е под наем.
За успешно развивање на културниот и забавен живот во селото било набавено кино апаратура која била сместена во младинксиот дом и Гарчани имале можност два пати во неделата да гледаат филмска програма. Во селото постоело и Културно уметничко друштво кое го носело името Стогово исто како и фудбалскиот клуб. Дневниот печат во селото редовно се примал а имало и библиотека со преку 2000 книги.
Треба да се напомене дека за време на Задругата овчарството и килимарството го достигнуваат својот максимум. Имало преку 15.000 грла овци и се произведувало познатото Гарско сирење и кашкавал. Килимарницата работела во полн капацитет, а килимите се пласирале на странските пазари. Исто така се произведувале јамболии, жеснки шамии и машки шалчиња.
Ристески
Бисовски
Вила Топила
Црква
Килимара
Хидроцентрала
Поповски
Лазаревски
1.
2.
Арсовски
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
13.
14.
15.
16.
17.
18.
19.
20.
21.
22.
23.
24.
25.
26.
27.
28.
29.
30.
31.
32.
33.
34.
35.
36.
37.
38.
39.
40.
41.
42.
43.
44.
45.
46.
47.
48.
49.
50.
51.
52.
53.
54.
55.
56.
57.
58.
59.
60.
61.
62.
63.
64.
Лазаревски
65.
66.
67.
68.
69.
70.
71.
72.
73.
74.
75.
76.
77.
78.
79.
80.
81.
82.
83.
84.
85.
86.
87.
88.
89.
90.
91.
92.
93.
94.
95.
96.
97.
98.
99.
100.
101.
102.
103.
104.
105.
106.
107.
108.
109.
110.
111.
112.
113.
114.
115.
116.
117.
118.
119.
120.
121.