Нов Кум
Објавено на: 20-01-2023
За општа радост во селото за нов Кум за 2023/2024 се јави Пере Несторовски.
Господ да му дава здравје, радост и среќа на него и неговата фамилија.
Со клепање на камбаните беше објавена оваа среќна вест која на изненадување на сите Гарчани, Пере тајно ја чуваше во себе и како пушка со зборовите ”Сполај ми ти Св.Јоване” го крена крстот за подоцна и него да го кренат на раце. Радоста во овие моменти на сите присутни беше проследена со многу емоции и надеж дека и во иднина оваа традиција ќе продолжи од колено на колено.
Нека им е со среќа !!!
